Регионален натпревар во пливање во СЦ „Борис Трајковски“ во рамки на проектот „Младите за инклузија, еднаквост и доверба“ на Фондот за население на Обединетите нации
Регионалниот натпревар во пливање, настан во рамките на проектот на Обединетите нации „Младите за инклузија, еднаквост и доверба“, од страна на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во Северна Македонија, во соработка со Специјална Олимпијада Северна Македонија, се организира од денес до 7 април во базенот на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Целта на настанот, на кој учество ќе земат атлети и спортисти со интелектуална попреченост од регионот, е промовирање свест за инклузија преку спортот и регионална соработка меѓу младите во регионот.
Настанот е поддржан од Делегацијата на Европска Унија. Во 11 часот во Europe House Скопје воведен говор ќе одржи евроамбасадорот Дејвид Гир.
Прочитајте други статии
Заедно можеме да имаме вистинско влијание во заедниците ширум светот. Помогнете ни да донесеме надеж и поддршка.






