Ново партнерство за инклузија преку спорт во Битола
Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ – Битола и Специјалниот клуб “Специјална Олимпијада“ – Битола потпишаа договор за соработка и поддршка на активностите на клубот.
Покрај обезбедување простор за реализација на активности, училиштето ќе се вклучи и со свои волонтери, кои ќе дадат значаен придонес во спроведувањето на спортските и инклузивните програми на клубот.
Оваа соработка претставува одличен пример како образованието, хуманоста и спортот заедно создаваат можности за лицата со интелектуална попреченост и ја зајакнуваат инклузијата во локалната заедница.
Ви благодариме!

Прочитајте други статии
Заедно можеме да имаме вистинско влијание во заедниците ширум светот. Помогнете ни да донесеме надеж и поддршка.






