4 МЕДАЛИ НА ЗИМСКАТА СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА ТОРИНО 2025: По две сребра во спортски танц и во крос-кантри скијање
На Специјаните олимписки зимски игри „Торино 2025“, атлетите од Специјална Олимпијада Северна Македонија освоија 4 медали:
Со грациозност, емоција и нејзината љубов кон танцот, Илина Георгиева го освои второто место во категоријата спортски танци на Зимската специјална олимпијада ‘Торино 2025’!
Со незапирлива енергија Стефан Трпковски настапи во категоријата спортски танци и го освои 4. место во машката категорија, покажувајќи дека вистинскиот успех е во храброста и љубовта кон спортот.
Со неверојатна посветеност, труд и спортски дух, Фатмире Бајрамоска се избори за второ место во крос-кантри скијање и ѝ донесе сребрен медал на Северна Македонија!
Со неспоредлива енергија и посветеност, Албан Бајрамовски го освои второто место во машката категорија на крос-кантри скијање, носејќи уште еден сребрен успех!

Прочитајте други статии
Заедно можеме да имаме вистинско влијание во заедниците ширум светот. Помогнете ни да донесеме надеж и поддршка.






