Tag Image

Новости

Уметноста како алатка за инклузија и заедничко творење

Со поддршка од НЛБ Банка и под менторство на Мирослава Микица Трујкановиќ, Атлетите на Специјална Олимпијада твореа заедно со нивните партнери-волонтери од НЛБ Банка и ученици од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“

Изминатиот викенд  во ООУ „Петар Поп-Арсов“ во Скопје, се одржа настанот „Уметноста на инклузијата“ - креативна работилница во организација на Специјална Олимпијада Северна Македонија (СОМ) во соработка со нивните партнери од НЛБ Банка. Настанот понуди јасен пример за инклузија во пракса, каде атлетите од СОМ, под менторство на уметницата-педагог Мирослава Микица Трујкановиќ, преку боите и уметничкото изразување покажаа како се надминуваат препреките и предрасудите. Оваа креативна работилница претставува дел од пошироката стратегија на Специјална Олимпијада Северна Македонија за поттикнување социјална инклузија. Настанот уште еднаш ја потврди вредноста на моделот за заедничко учество на лица со и без попреченост како важна алатка за надминување на социјалните бариери и градење заедница во која секој има еднаква можност да го реализира својот потенцијал.

Мотивирани од тоа дека инклузијата нема граници и е подеднакво важна во уметноста и во спортот, со поддршка на уметницата Мирослава Трујкановиќ и од нашите пријатели НЛБ Банка, се одлучивме на ваков чекор – организација на креативна работилница. Ликовното изразување е извонреден метод кој им помага на лицата со попреченост полесно да го канализираат својот внатрешен свет и да ги пренесат своите емоции онаму каде што зборовите понекогаш не се доволни. Кога тој креативен процес е поддржан од нашите партнери, се создава посебна енергија и се практикува инклузија во пракса – вака градиме длабоки пријателства и поттикнуваме меѓусебно разбирање кое останува долго по завршувањето на работилницата.“ истакна г-ѓа Моника Бошкоска, Претседател на Специјална Олимпијада Северна Македонија.

Од НЛБ Банка, ја истакнаа стратешката соработка со организацијата нагласувајќи дека поддршката на Специјална Олимпијада претставува долгогодишна традиција и значаен сегмент од нивните активности за општествена одговорност. Посочија дека инклузијата е темел на здраво општество и дека ваквите иницијативи имаат значајна улога во препознавање и поттикнување на  потенцијалите на секој поединец.

Инклузијата во уметноста значи активно учество каде секој потег со четката е рамноправен. Преку овој педагошки пристап, на учесниците им нудиме простор за развој на фината моторика и фокусот, што директно ја зајакнува нивната самодоверба. Најголемата вредност е токму инклузивната соработка: кога атлетите и партнерите работат на исто платно, учат да се надополнуваат и да создаваат заедничка визија. Целта беше низ овој процес секој учесник да го открие својот автентичен креативен потенцијал, докажувајќи дека талентот не познава попреченост,“ истакна уметницата-педагог, г-ѓа Мирослава Трујкановиќ.

На настанот активно учество заземаа 15 атлети кои заедно со нивните партнери од Банката и ученици од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ креираа 15 прекрасни уметнички дела. Насликаните дела ќе бидат дел од хуманитарна продажна изложба која ќе се одржи на 04.05.2026 година, додека средствата од продажбата ќе бидат наменети за поддршка на развојните програми на Специјална Олимпијада Северна Македонија.

Промовирајќи ги вредностите на заедништвото, Специјална Олимпијада Северна Македонија продолжува да дејствува како предводник во создавањето општество кое ги вреднува и слави различностите како колективен, заеднички успех.

Tag Image

Real voices

Прочитајте други статии

Заедно можеме да имаме вистинско влијание во заедниците ширум светот. Помогнете ни да донесеме надеж и поддршка.

Настани

Историски успех за македонските атлети на Европското првенство во пливање на Специјална Олимпијада во Малта

Sep 14, 2026

Националниот тим на Специјална Олимпијада Северна Македонија се враќа од Малта со бројни медали, нови спортски искуства и уште една важна приказна за посветеноста, храброста и инклузијата преку спортот.

Партнерства и Соработки

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО ПОДДРШКА НА АТЛЕТИТЕ НА СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА

Sep 9, 2026

Партнерства и Соработки

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО ПОДДРШКА НА АТЛЕТИТЕ НА СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА

Sep 9, 2026

Покана

ПОКАНА: ЕВРОПСКА ФУДБАЛСКА НЕДЕЛА 2026  

May 29, 2026

Покана

ПОКАНА: ЕВРОПСКА ФУДБАЛСКА НЕДЕЛА 2026  

May 29, 2026

Заедно, можеме да направиме разлика

Вашата поддршка ни овозможува да обезбедиме основни ресурси

Вкупен број на вклучени луѓе

Создавање посветли иднини преку можности за учење

User
User
User
0

K+

peoples

Вкупен број на вклучени луѓе

За ранливи семејства

и поединци.

CtaImage

Logo

Дозволи ми да победам, а ако не можам, дозволи ми да бидам храбар во обидот.

КОНТАКТ:
Булевар АСНОМ бр. 1, 1000 Скопје, Македонија
+389 78 418 698
som@som.mk

Специјална Олимпијада Северна Македонија © 2026. Сите права се задржани.