Почитувани,
Специјална Олимпијада Северна Македонија (СОМ), како водечка спортска организација во државата која се грижи за спортот за лицата со интелектуална попреченост, и оваа година ќе биде дел од 26. издание на Европската фудбалска недела (#EFW2026) - годишна иницијатива во рамките на Специјална Олимпијада Европа – Евроазија (S0EE) која опфаќа низа фудбалски активности што се одржуваат низ целиот континент.
Во рамките на 26. Издание на Европската фудбалска недела, во над 40 земји, на повеќе од 300 настани, ќе се стави фокус на фудбалската игра и партнерствата кои преку спортот и фудбалот градат инклузивни средини.
Под мотото “Силата на партнерствата”, Специјална Олимпијада Северна Македонија ќе организира инклузивен фудбалски настан, со натпревари и активности во чии рамки учество ќе заземат атлетите од СОМ заедно со своите “Unified“ партнери.
Ќе ни претставува задоволство доколку се приклучите на настанот, ги бодрите атлетите и ја дадете вашата поддршка кон поттикнување на инклузија на теренот и надвор од него.
Датум: 30.05.2026 (сабота)
Почеток: 09:30 часот
Локација: Спортски Центар на Ф.К. “Вардар“ (населба Хиподром), Скопје
АГЕНДА
09:30 – 10:00 Пристигнување и регистрација на атлетите и учесниците на настанот.
10:00 – 10:15 Свечено отворање на Европската фудбалска недела
- Обраќање на г-ѓа Моника Бошкоска, Претседател на Специјална Олимпијада Северна Македонија
- Обраќање на Ѓорги Сурловски, атлет на Специјална Олимпијада Северна Македонија
- Обраќање на Претставник на Ф.К. “Вардар“
10:30 – 12:30 Фудбалски активности – Тренинг полигони и натпревари (со практична примена на “unified“ концептот меѓу партнерите и атлетите на СОМ)
12:30 –13:30 Дружење на сите учесници
13:30 Крај на настанот
###